More

    На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на денешната седница донесе Одлука за основање на Јавна установа за урбанизам на Град Скопје „Кензо Танге“ врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа

    spot_img

    На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на денешната седница донесе Одлука за основање на Јавна установа за урбанизам на Град Скопје „Кензо Танге“ врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа, според Законот за јавни установи и Закон за урбанистичко планирање.

    Целта на основањето на Јавната установа за урбанизам е подигање на стандардите и квалитетот на вршењето на работите од урбанистичкото планирање, како и за обезбедување на оптималните услови за вршење на дејноста уредени со Законот за урбанистичко планирање, со што едновремено ќе се елиминираат постапките на надворешни јавни набавки и тендери за проектирање на објекти на Град Скопје.

    Јавната установа за урбанизам покрај дефинираните надлежности согласно со Националната класификација на дејности ќе учествува во изработка и донесување на Генерален урбанистички план на Град Скопје, спроведување и следење на спроведувањето, ќе изработува урбанистички планови и урбанистички проекти и ќе учествува во нивното донесување, спроведување и следење на спроведувањето, изработка на стручна ревизија на урбанистички планови и урбанистички проекти согласно условите за вршење ревизија пропишани со закон, ќе изработува проектно-техничка документација за инфраструктурни и супраструктурни објекти, како и надзор над имплементација, ќе изработува студии, експертски елаборати и програми поврзани со планирањето и уредувањето и просторниот развој на градот.

    Воедно таа ќе врши одржување и ажурирање на базата на просторни податоци за своето подрачје, следење и анализа на спроведувањето на урбанистичките планови, изработка извештај за состојбите во просторот, изработка на основни и сообраќајни проекти, учество во создавање на оценката за просторниот развој и учество во создавање на програмата за донесување на урбанистички планови.

    Покрај ова, оваа установа ќе остварува соработка со надлежните институции за планирање на просторот при изработувањето на просторни планови од нејзина надлежност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img