Лидерот на украинскиот сепаратистички регион Доњецк, Денис Пушилин, денеска изјави дека сака со Украина мирно да се договори за границите, но и дека го задржува правото да побара помош од Русија.
Лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, територијата која е признаена единствено од Русија, во понеделникот, денеска кажа дека за почеток тој го поддржува дијалогот со Украина.
Меѓутоа, додаде, дека ситуацијата станала критична и дека сепаратистите ќе победат со поддршка на „Големата Русија“. Од друга страна, руското признавање на Доњецк и Луганск во понеделникот Западот го смета за незаконско и затоа експресно воведе нови санкции кон Москва.– Агресијата на украинската страна се засилува – рече Пушилин, обвинувајќи го Киев за „провокации“ и цивилни жртви.
Украина ги негира обвинувањата дека поттикнува конфликт со цел насилно да ја ослободи својата територија.
Пушилин кажа дека евакуацијата на жените и децата, која почна уште минатата недела, е потребна за да се овозможи армијата на Доњецката Народна Република да се посвети на заштита на границите на својата територија.
– Мобилизацијата расте, го гледаме тоа. И тоа го гледаат и поранешни членови на милицијата и обични луѓе, кои не можат да гледаат од страна кога се одлучува за судбината на Донбас – рече тој.