ЈП Комунална хигиена Скопје за 6 месеци собрале 76.856 тони комунален отпад

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од јануари до јуни годинава, екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје подигнале вкупно 76.856 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, односно 425 тони на ден. Направени се 11.940 тури за собирање или просечно по 66 тури дневно, а денес претпријатието се соочува со пад на наплатата на услугите и бара помош од Владата.

Како што соопштија од Јавното претпријатие, во текот на првите шест месеци од годината биле отстранети приближно 5.872 м3 отпад од голем број диви депонии лоцирани во речиси сите скопски општини.

Од ЈП Комунална хигиена потсетуваат дека неодамна се приклучиле и кон иницијативата на Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ за обраќање кон Владата на РМ, со цел да се најде решение за финансиска помош на јавните претпријатија.

– ЈП Комунална хигиена се соочува со драстичен пад на наплатата на побарувањата како од домаќинствата така и од правните субјекти, што го доведува во прашање извршувањето на примарните активности на претпријатието на терен. Воедно, цените на горивата што се употребуваат за нормално функционирање на возниот парк на ЈП Комунална хигиена се зголемени за над 80 проценти во однос на минатата година, додека идентична е состојба и со цената на електричната енергија. Имајќи предвид дека активностите и дејствувањето на ЈП Комунална хигиена се од витално значење за нормалното функционирање на градот Скопје и пред сè, фактот дека нашето финансирање се одвива исклучиво преку наплатата на нашите услуги што поради новонастанатата ситуација е крајно отежната, ја поддржуваме иницијативата на АДКОМ за изнаоѓање институционално решение за излез од финансиската криза на јавните претпријатија во државата – изјави в.д. директорката на ЈП Комунална хигиена – Скопје, Косана Мазнева.

Претпријатието спровело машинско миење со автоцистерни на сите булевари и поголеми улици во градот, како и рачно миење, машинско и рачно метење на најфреквентните јавни површини – улицата Македонија, централниот плоштад Македонија и помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје и во Старата скопска чаршија. Во пресрет на најзначајните верски празници рачно и машински биле измиени дворовите и околината на поголемите верски храмови.

Share This Article