Градоначалникот на Ресен, Тозиевски се сретна со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Во текот на вчерашниот ден остварив средба со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
На средбата се разговараше за дополнителна координација на МЖСПП и општината во приоретизацијата на активностите во Преспанскиот регион планирани во рамки на проектот ЕУ4Преспа и со средствата од заемот од Европската банка за обнова и развој.
Овие активности се насочени кон управување со отпадните води и управување со отпадот.
На средбата заеднички беше ставот дека мора да се преземат поинтензивни активности во делот на управувањето со отпадните води и спречување на нивно излевање во Преспанското Езеро, како една од мерките за заштита на водите на Езерото.
Share This Article