More

    Пет дена изолација за заразените во Албанија, полицискиот час останува на сила

    spot_img

    Во Албанија заразените со ковид-19, наместо две недели, како досега, од денеска во изолација ќе остануваат само пет дена, објави министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу.

    Таа додаде дека Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, одлучил да го намали времето за изолација и препорачал третата доза на вакцината да се даде пет месеци по втората доза.

    Во однос на анти-ковид мерките Манастирлиу потенцира дека „состојбата се следи внимателно и мерките ќе се разгледаат дополнително“.

    – На состанокот на Техничкиот комитет на експерти, за процена на епидемиолошката состојба, процена на напредокот на програмата за вакцинација и мерките против Ковид, одлучено е, исто така, да се намали периодот на вакцинација со трета засилувачка доза, од сегашните шест месеци, на пет месеци по втората доза. Останатите мерки ќе бидат разгледани набрзо и какви измени ќе има зависи од текот на епидемиолошката состојба – нагласи албанската министерка.

    Тоа значи дека и понатаму во сила е полицискиот час, воведен во ноември 2020 година, кој трае од 23 до шест часот.

    Според Манастирлиу, од почетокот на пандемијата досега направени се 1.732.633 тестови, вирусот е потврден кај 270.734 граѓани, закрепнале 263.518, починале 3.453 лица, додека моментно активни на болеста се 3.763 лица. Од средната на јануари минатата година, кога почна имунизацијата, аплицирани се 2,68 милиони дози вакцини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img