Проливот, гадењето и повраќањето многу често се првиот симптом дека сте заразени со омикрон БА-5, напиша на Фејсбук д-р Нико Беќаровски.
Како што наведува тој, дури 50 отсто од заболените со овој сој поранo или подоцна во текот на болеста манифестираат гастроентероколитичен синдром.
„Проливот, гадењето и повраќањето многу често се првиот симптом дека сте заразени со омикрон БА-5. Дури 50 проценти од заболените со овој сој поранo или подоцна во текот на болеста манифестираат гастроентероколитичен синдром. Затоа, ова лето при појава на овие симптоми не ја напаѓајте веднаш расипаната храна која сте ја јаделе тој ден и избегнувајте неколку дена контакти со постарите и болни членови од Вашето семејство“, наведува лекарот.