More

    Солидна кредитна поддршка на приватниот сектор во првото полугодие, особено на корпоративниот сектор

    spot_img

    Солидниот раст на кредитирањето на приватниот сектор на економијата од страна на банките продолжи и во јуни, со месечна стапка од 1% и годишен раст од 10%, што е над очекувањата со последните проекции на Народната банка. Растот на кредитирањето на корпоративниот сектор продолжи да забрзува и достигна 12,4% на годишна основа, со што се обезбедува значајна финансиска поддршка на реалниот сектор. Натамошен солиден раст од 7,7% бележат и кредитите одобрени на домаќинствата.

    Во овој период беа задржани поволните каматни стапки на кредитите. Со податоците за мај, просечната камата за кредитирање на корпоративниот сектор изнесува 3,43%, додека за домаќинствата 5,06%.

    Раст бележи и депозитниот потенцијал на банките. Вкупните депозити на приватниот сектор во јуни се повисоки за 0,4% во споредба со мај, а нивното ниво е за 1,8% зголемено на годишна основа. Притоа, растот на депозитите на домаќинствата забрза и достигна 1% на месечна основа, односно 5,2% на годишна основа.

    Статистичкото соопштение е достапно на следниот линк:

    https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2022/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2022_juni_mk.pdf

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img