Иако сме навикнати да јадеме банани наутро, за ужина или во ситуации кога ќе забележиме дека ни треба шеќер, корисно е да ги јадеме и навечер.
Имено, бананите можат да помогнат при несоница, како што тврди алтернативниот здравствен лекар д-р Алан Мандел, пренесува Zaphetna.hr.
Тој советува во случај на несоница да изедете банана половина час пред спиење за да спиете подлабоко и да се разбудите освежени.
Ова овошје е полно со витамин Б6, кој делува така што ја претвора аминокиселината триптофан, важна за добар сон и расположение, во серотонин, невротрансмитер кој го контролира лачењето на мелатонин во епифизата во мозокот.
Хормонот мелатонин, познат и како хормон за спиење, го контролира нашиот внатрешен часовник и поради неговото зголемено лачење, навечер се чувствуваме поспани.