More

    11.ИЗДАНИЕ „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ ВО ТРПЕЈЦА

    spot_img

    Утревечер со изложба на слики од уметникот Мајкл Клос од Канада и настап на бендот  „8balls“ ќе започне 11. Издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца.

    Според најавите, до 28 јули организаторот Здружението „За Трпејца со љубов“ ќе понуди низа интересни содржини со кои ќе го привлече вниманието на гостите и домаќините кои летуваат во Трпејца.

    Во четврток  на летната сцена под ведро небо ќе настапат: Младите од Црвен крст Охрид со поетско- музичкиот перформанс „Треба да бидеме подобри“ .

    Следниот ден е резервиран за поетесите – сестрите  Вера М Самарјанин, Марика Тапанџиева кои во јавноста се познати и по своите хуманитарни дела а со нив ќе настапи и познатиот пејач Драган Мијалковски.

    Во сабота, стандардниот термин од 20:30 часот ќе биде резервиран за младиот Петар Симоноски  кој ќе има своја видео презентација на тема „Трпејца низ вековите“ а негов гостин ќе биде  неговиот пријател и гитарист Горан Кичеец.  Истата вечер во Трпејца во соработка со Кинотека на Република Северна Македонија ќе биде прикажан  култниот македонски филм „Мирно лето“ во режија Димитрија Османли.

    Неделата е резервирана за традиционалната  Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање а вечерта мини концерт ќе одржи дуото „ Black Moon“од Охрид.

    Следната вечер ќе започне со ново содржина наменета за забава на гостите трката со куфери по скалинадата во Трпејца. За тројцата најбрзи ќе има интересни награди , најавуваат организаторите. Таа вечер не очекува запознавањето со „Богатството на Охридското Езеро“  во соработка со ЈНУ „Хидробиолошкиот завод“ од Охрид а ќе следи и концерт на класична музика насловен „Млади надежи“.

    Во вторник, на 26 јули најмладите преку цртежи ќе го овековечат зајдисонцето во Трпејца а следната вечер нивните трудови ќе бидат и претставени пред гледачите. По традиција ќе биде поставена и изложба на дела од минатогодишната четврта Уметничка колонија која секој септември се одржува во Трпејца,ќе настапи танчерската група „Dancin Angels“ а вечерта ќе биде заокружена со гостувањето на д-р Анис Сефиданис кој ќе се обиде гледачите на популарен и интерактивен начин да ги воведе  во светот на компјутерите и роботиката.

    Претпоследната вечер од годинашното издание е резервирана за видео – изложбата на фотографии направени со мобилен  „Трпејца низ објективот на туристите“ и настапот на Пејачката група и оркестар на ансамблот „Ѓердан од бисери“ од Охрид.

    Културно – забавното лето следниот ден ја носи традиционалната прошетка по патеката Чоколско а ќе биде заокружено со Вечерта посветана на познатиот македонски хармоникаш и композитор д-р Гоце Џуклески. Покрај него публиката таа вечер ќе може да ужива во настапот на неговите пријатели од Градскиот хор Vox Lychnidos  и пејачот Мирко Вретовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img