Властите во југозападниот дел на Франција најавија дека поради шумските пожари кои не стивнуваат веќе седум дена, ќе евакуираат уште 3.500 жители во загрозените градови.
Франција ангажираше и уште неколку противпожарни авиони и пожарникари за да ги запрат пожарите, кои продолжуваат да се шират поради неповолните ветрови.
МВР соопшти дека во регионот Жиронд веќе се распоредени 1.500 пожарникари и дека ќе им се придружат уште 200 деноноќно.
Во два пожари досега изгореа вкупно над 10.000 хектари шума, а најмалку 12.200 жители од погодените подрачја се евакуирани.