Од Русија се повлекува и шведскиот H&M

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шведскиот трговец на облека Hennes and Moritz (H&M), кој веќе ја прекина продажбата во Русија по почетокот на инвазијата во Украина, најави дека постепено ќе се повлекува од таа земја, каде што вработува 6.000 луѓе.

„По зрело размислување, гледаме дека е невозможно да продолжиме со нашата активност во Русија со оглед на ситуацијата“, рече генералниот директор на групата Хелена Хелмерсон во изјавата.

Таа рече дека се многу тажни бидејќи со таа одлука ќе ги растажат своите руски колеги и дека им се заблагодарува за трудот и посветеноста.

Групацијата изјави дека очекува повлекувањето од Русија да ја чини вкупно две милијарди круни (околу 189 милиони евра), вклучително и намалување на ликвидноста од околу една милијарда круни.

Загубите ќе се одразат на сметката од третиот квартал, велат од групацијата.

По почетокот на руската инвазија на Украина, неколку големи шведски компании привремено ги прекинаа своите активности во Русија.

Така, производителот Volvo ја прекина продажбата и производството во фабриката во Калуга во центарот на Русија, а комуникацискиот гигант Ериксон објави дека ги запира испораките на руски клиенти.

Гигантот за мебел Икеа исто така одлучи дополнително да ги намали своите активности во Русија и Белорусија.

Share This Article