Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, напиша статус на Фејсбук во кој посочи дека Македонија не е Украина и дека Европа не е Русија за да излезе лидерот на опозицијата со зелена маица сакајќи да биде Зеленски од „Али Експрес“.
„Северна Македонија не е Украина и Европа не е Русија за да оди на протести опозицискиот лидер во зелена кошула како Зеленски од Али Експрес. И како што се очекуваше, регресивните сили кои служат на странски агенди пропаднаа и граѓаните не ги поддржаа. Денес преовладуваат европска Македонија и прогресивните сили во државата, денес преовладуваше соживотот, иднината и надежта. Честитки до граѓаните, честитки за државата. Враќање назад нема“, напиша Ахмети на Фејсбук.