Токио ќе биде домаќин на Светското првенство (СП) во атлетика во 2025 година, одлучија членовите на Извршниот одбор на Меѓународната атлетска федерација на состанокот во Јуџин каде од денеска до 24 јули ќе биде одржано 18 издание на СП.
Токио во трката за организација на СП победи во конкуренција на Најроби, Катовице и Сингапур.
– Во силна конкуренција на кандидати за домаќин на СП 2025, Токио претстави исклучителна кандидатура. Се надевам дека повторното доаѓање на светската атлетска елита во Токио ќе биде светол пример за Јапонија, која во 2025 година ќе прослави 100 години од формирањето на националниот Сојуз на атлетски федерации – изјави претседателот на Светската атлетика, Себастијан Коу.
Токио по втор пат ќе биде домаќин на СП во атлетика, а прв пат беше домаќин во 1991 година.