Младата македонска пејачка освен што плени со својот глас, плени и со својот стас. Антониа Гиговска неретко ги интригира своите следбеници со објавите на својот инстаграм-профил.
Последната објава на Антониа предизвика вистински бум. Имено, пејачката позирала топлес, покривајќи ги градите со рака.
Меѓутоа, големо внимание предизвика и прашањето кое го постави пејачката за своите следбеници, а тоа е дали се согласуваат да го промени името од Антониа во „Tonya“.
„Многу ме убедуваа за сликата, па конечно собрав храброст, а имам и причина. Веќе подолго време размислувам да го променам своето име, па што мислите моето ново уметничко име да биде „Tonya““, напишала покрај фотографијата Антониа.
ФОТО: Инстаграм