Две лица се приведени на денешните протести пред Собранието, велат од министерството за внатрешни работи за Плусинфо.
Според информациите МВР, двете лица кои попладнево се приведени на денешниот протест фрлале тврди и гломазни предмети кон згрaдата на Собранието.
Инаку, протестот пред Парламентот започна денеска на пладне, а пред пратениците се обрати и претседателката на Европскиот Парламент, Урсула Фон Дер Лајен.
Беше најавено обраќање пред пратениците на премиерот Димитар Ковачевски, но тоа беше одложено, па пред пратениците зборуваше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, по што претседателот на собранието Талат Џафери објави пауза и закажа продолжување на 81 седница за 16 часот.