Црниот дроб, како најголем орган, го одржува телото здраво бидејќи, меѓу другото, ги отстранува токсините од крвта и го одржува нормалното ниво на шеќер. Препознавањето на знаците на заболување на црниот дроб е од витално значење.
Заболувањето на црниот дроб е многу сериозна состојба, па најдобро решение е превенцијата, советуваат експертите, пишува Eatthis.
Симптомите кои може да укажуваат на болеста се:
-жолта боја на кожата и очите
– абдоминална болка и надуеност
-отекување на нозете и зглобовите
– црна боја на урината
-проѕирна боја на столчето
-повраќање и несвестица
– губење на апетит
Луѓето со најголем ризик за развој на заболување на црниот дроб се оние на кои им е дијагностицирана цироза, или поради алкохол или хепатитис, што може да доведе до оштетување на црниот дроб и потенцијален рак. Создавањето на масни наслаги може да доведе и до оштетување, објаснуваат експертите.
Како што веќе споменавме, превенцијата е важна, па затоа се советува да се јаде здрава храна богата со минерали, протеини и витамини, да не се пие прекумерно количество алкохол, да се избегнува контакт со крв и да се вакцинираат против хепатитис.