Проблемот со ограничувањата за транзит на стоки во Калининградската област сѐ уште не е решен, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. Така тој ги коментираше медиумските извештаи дека ЕУ и Русија се договориле за транзит, а дека Брисел обезбедил документ што „целосно ја задоволува“ Москва, јавува РИА.
– Засега нема финализирање на оваа ситуација. Очекуваме одреден напредок, но засега не можеме да констатираме дека овој проблем е отстранет – рече портпаролот.
Прашан за тоа за каков напредок можеме да зборуваме, Песков на новинарите им рече „бидете трпеливи“.
Од 18 јуни, Литванија го запре транзитот на стоки кои подлежат на санкции на ЕУ во регионот Калининград : градежни материјали, метал, дрво, цемент, ѓубрива, алкохол, кавијар и други категории, што е околу половина од вкупниот волумен на сообраќај. Литванските власти тврдат дека извршиле само санкции од ЕУ кон Москва и дека нема да ѝ прават отстапки на Русија по ова прашање.
Според портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, Литванија, откако донела таква одлука, дејствувала агресивно и ги надминала непријателските линии. Според гувернерот на Калининградската област Антон Алиханов, се очекува дипломатско решение на проблемот.