Вимблдон сѐ уште е атрактивен за британските медиуми, кои денес објавуваат дека принцот Вилијам е снимен како пцуе на полуфиналето меѓу Новак Ѓоковиќ и Камерон Нори.
Вилијам го следел мечот заедно со сопругата Кејт Мидлтон и во еден момент кога Нори губие поен, тој зборува самиот за себе прекршувајќи го строгиот протокол за членови на кралското семејство. Многумина можеа да прочитат од неговите усни дека пцуе.
„Не, не, не, не. Е, ебаго!“, наводно се зборовите на принцот.
Оваа реакција крена голема бура во Британија, бидејќи ова е првпат по подолго време член на кралското семејство да биде фатен во ваква деликатна ситуација.