Романтичен состанок во Собрание

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Романтиката не смее да трпи и во време на политички кризи, а во една таква криза се наоѓа и Босна и Херцеговина, па така дечко се решил на смел чекор и ја извел девојката на собраниска седница каде што се разговарало за уставните измени.

Ова го потврди и претседателката на Главниот одбор на НС (Наша странка), Сабина Чудиќ, која го пофали дечкото за храброста.

„Вечерва на јавната расправа за амандманите на Уставот еден дечко излезе на говорница со цел да каже дека е тука на состанок со девојката. Генијално. Дами уште има надеж“, напиша Чудиќ на Инстаграм каде што го сподели и видеото.

Таа на снимката вели дека со ваква младина не треба да се секираат за својата иднина, што било дочекано со аплауз од присутните.

Share This Article