Се викам Џослин Севиџ (26) и јас сум му свршеница на Роберт Кели“, напишала во писмото упатено до судијата Ен Донели, пренесува „Пејџ сикс“.
Според тоа, се испоставува дека Р. Кели (55) е свршен со една од своите наводни жртви, а самата Џослин се се заложила за поблага казна.
„Ова писмо го пишувам во знак на поддршка на Роберт пред изрекувањето на пресудата, за да можам да му објаснам на судот дека не сум жртвата како што ме претстави владата“, додала таа.
Севиџ, која била една од неговите две девојки кои живееле со него, во писмото пишувала за нејзината врска со пејачот, велејќи дека имаат „посебна поврзаност“ и „длабока љубов“.
„Роберт не е чудовиште како што го опишаа. Роберт што го знам е многу мил, нежен и љубезен. На крајот од денот, секогаш се грижеше за мене, како и за сите други жени со кои беше“, раскажала девојката.
Таа продолжила да го фали Кели, нарекувајќи го сестрана и неверојатна личност која ја користи секоја прилика да им помогне на оние на кои им е потребно тоа.
Таа ги демантирала наводите за посрамотената ар-ен-би ѕвезда, а истакнала дека работите што се зборуваат за него, како оние дека ја држел неа и другите жени против нивна волја, се целосно невистинити.
„Роберт и јас сме многу заљубени и ми се крши срцето што сите мислат дека сум жртва. Јас сум возрасна жена и можам да зборувам за себе, поради што сакав да му го дадам ова писмо на судот“, истакнува таа.
Писмото на свршеницата на осудениот пејач било испратено до судот на 13 јуни, но Р. Кели сепак беше осуден на 30 години затвор, поради низа сексуални злосторства, меѓу кои било и повеќегодишно водење на „систем“ на сексуална експлоатација на млади жени и деца.