Ѓоковиќ би сакал да ја посети Македонија и да одигра партија против Калин Ивановски, најдобриот млад македонски тенисер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Светскиот тенисерски ас Новак Ѓоковиќ би сакал да ја посети Македонија и да одигра партија против Калин Ивановски, најдобриот млад македонски тенисер. Во интервју за Макфакс Ѓоковиќ рече дека Ивановки е одличен тенисер и дека би сакал да го повика во Белград и да му даде одредени совети.

– Сакам да заиграм во Скопје. Во Македонија сум бил како мал, но би сакал да одиграм една партија тенис со новата надеж на македонскиот тенис Калин Ивановски. Калин е одличен тенисер. Тоа е високо и добро момче, кое има одлична игра. Ќе го повикам на тренинзи во Белград за да изградиме однос, по што ќе му помогнам да стигне до некои тениски височини и се надевам дека ќе успеам во тоа – изјави Ѓоковиќ за Макфакс.

Калин Ивановски успеа да стигне до четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон.

Share This Article