За важноста на јаткастите плодови постојано се зборува, но се заборава дека и семките се богати со витамини, минерали, протеини и здрави масти, па затоа и овие намирници треба да се консумираат секој ден.
Најпрво се препорачуваат ленено семе и чиа, пишува Eatthis.
Ленено семе
Овие семиња содржат антиоксиданси и се богат извор на молекулата на лигнан, која, меѓу другото, го намалува нивото на шеќер во крвта и го подобрува метаболизмот. Исто така, семките од лен содржат висок процент на омега-3 масни киселини, кои се важни за здраво срце и мозок.
чиа семе
Чиа семето е богато со влакна кои го подобруваат холестеролот, го контролираат нивото на шеќер во крвта и овозможуваат правилно варење. Тие се и одличен извор на калциум и се лесно сварливи.
Затоа, експертите советуваат овие семки да ги додадете во смути, салати, јогурт, овесна каша,… можностите се многу. Сепак, треба да внимавате на количината, бидејќи како јаткастите плодови и тие се калорични. Се препорачуваат една до две лажички.