Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена се направени 1.869 тестови, а регистрирани се 524 нови случаи на ковид-19.
Најмногу новозарезени има во Скопје, вкупно 314, а следува Битола со 35, во Тетово се 23, додека во Куманово регистрирани се 20 новозаболени, во Велес – 16, во Прилеп, Кавадарци и во Штип по 15, во Охрид – 14, Гостивар – 11, Струмица – 9, Неготино – 6, Кичево и Гевгелија по 4, Струга, Валандово и Пробиштип по 3, Куманово, Велес, Крива Паланка, Богданци и Кратово по 2, Кочани, Ресен, Свети Николе и Дојран по 1.
Од вкупниот број на позитивни (524), константирани се 29 реинфекции, а регистрирани сe 463 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 3 дена (08-10.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице, но затоа од Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин се регистрирани четри починати лица: 2 лица од Скопје (67) и (83) и по едно лице од Охрид (80) и Тетово (69). Од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови. Починатите се пријавени во период од 28.06.2022 до 07.07.2022
Досега во земјата се направени вкупно 2.090.703 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.219, бројот на оздравени пациенти е 305.239, на починати е 9.335, а бројот на активни случаи изнесува 1.645.