Што да направите ако сакате да користите количка во продавница, но немате паричка со вас за да ја отклучите. Можете да си помогнете со обичен клуч.
Во моменти кога плаќаме се повеќе со картички, често се случува во паричникот да ги немаме соодветните парички со кои ќе ја отклучиме количката (најчесто количките се отклучуваат со монети од 50 центи, едно или две евра). Постои едноставен трик како да го направите ова без парички. Сè што ви треба е обичен клуч што ќе го вметнете во отворот. Погледнете како во видеото подолу.