More

    Пронајден уште еден од исчезнатите на Халкидики, потрагата по третото лице продолжува

    spot_img

    Крајбрежната служба на Грција, утрово, излезе со официјално соопштение за конкретниот случај односно дека вчера попладне, крајбрежните служби во Солун и Неа Мудања биле информирани за случај со тројца исчезнати капачи во морската област Посиди на Халкидики.

    „Под координација на Координативниот центар за потрага и спасување на крајбрежната служба, во конкретната област започна потрага со два патролни чамци на крајбрежната служба, седум бродови што се во близина, а од воздух интервенираше еден хеликоптер на военото воздухопловство. Во потрагата учествуваа и патролни возила на крајбрежната служба, Грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери“, пишува во соопштението од грчката крајбрежна служба, што го пренесува МИА.

    Дополнително, објаснуваат оттаму дека патролен чамец на пристанишната Капетанија Неа Мудања пронајде и спаси 25-годишен, еден од тројцата исчезнати, кој бил пренесен во риболовното засолниште „Неа Скиони“, од каде што бил преземен од возило на брзата помош со цел да биде пренесен во Општата болница Халкидики за укажување лекарска помош.

    Поради законот за заштита на лични податоци, пракса во Грција е во официјалните соопштенија, на полицијата, на крајбрежната служба итн., да не се објавуваат податоци (националност, иницијали и сл.) за инволвираните лица.

    Солунскиот портал Ворија утрово објави дека во еден од бродовите со кои се врши потрагата се наоѓаат и таткото и братот на еден од исчезнатите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img