Дипломатите од ЕК не гледаат проблем во преговарачката рамка

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дипломатски извори од ЕК на денешниот брифинг за новинарите одржан во Скопје велат дека не гледаат проблем во врска со тоа како е формулиран македонскиот јазик во преговарачката рамка со ЕУ, потсетувајќи дека во предлог-рамките за Црна Гора и за Србија стоело само „официјален јазик“, пишува порталот Нова.

„Самиот факт дека се вели дека целото европско законодавство ќе биде преведено на македонски јазик и дека земјата треба да обучи соодветен број преведувачи јасно укажува дека јазикот е заштитен“ беше речено на брифингот.

Истите извори изразуваат чудење што овој предлог наишол на реакции поради тоа што во францускиот предлог се инсистира македонскиот јазик да биде јасно наведен исто како во случајот со таканаречениот португалски предлог, пишува порталот.

Европските дипломати појаснуваат дека добрососедските односи не се дел од Копенхашките критериуми, но се дел од условите за пристапување за земјите од Западен Балкан (внесени преку процесот на Стабилизација и асоцијација) и затоа, според нив, има внимателен вординг во членот 47 од предлог-рамката кој се однесува на делот на тоа што прави Европската комисија во овој процес.

„Комисијата ќе обрне особено внимание на обврските на Северна Македонија во однос на добрососедските односи и регионалната соработка во референца на членот 5 и за имплементацијата ќе ја информира Меѓувладината конференција“, се вели во членот 47 од предлог-рамката.

– Значи, ние треба само да информираме – објаснува соговорникот од ЕК, правејќи разлика со толкувањето дека Комисијата ќе треба да изготвува извештаи за оваа тема.

Во овој сегмент објаснувањето од претставниците на Комисијата е дека секоја одлука поврзана со преговорите се носи со едногласност од сите земји членки на ЕУ.

Што се однесува до бараните гаранции дека во индина нема да има блокади тие велат : “Дали може да гарантираме дека некоја земја, не само Бугарија, нема да блокира?

– Не можеме – велат дипломатите.

- Advertisement -
Ad image

Но, истовремено тие објаснуваат дека позицијата на Северна Македонија е посилна ако почне преговори, а не ако остане надвор. Притоа, велат дека не постои конкретен бенчмарк во „добрососедството“ со чие исполнување или неисполнување од страна на Северна Македонија би се формализирала потенцијалната одлука за блокада.

Share This Article