По кратко боледување денеска на 86-годишна возраст почина проф. д-р Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија.
„Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван проф. д-р Методи Чепреганов. Директорот, менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата во која работеше повеќе од 20 години, соопшти „Неуромедика“.
Д-р Чепреганов беше дел од Европската асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје; Невролошка асоцијација на Франција. Награден е со орден Palmes Academiques од страна на Првиот министер на Франција во името на Министерството за наука.