Германија денеска потврди дека добила позитивен сигнал од Канада за враќање на турбината потребна за одржување на гасоводот Северен тек 1, а Русија најави дека по нејзиното враќање ќе ги зголеми испораките на гас во Европа, пишува Н1.Ова доаѓа како решение на проблемот со западните санкции кон Русија кои не дозволуваат Канаѓаните директно да им ја вратат сервисираната турбина на Русите, за што Плусинфо веќе пишуваше.
Руски „Газпром“ сопре 60 отсто од гасот за Германија преку Северен тек минатиот месец, со оправдување дека не се работи за политичка одлука и уцена, туку за турбината која е дел од техничката опрема.
Анонимен извор за Ројтерс вчера подтврдил дека одлуката за враќање на турбината веќе е донесена.
Германија и останатите европски земји се спремаат за тешка зима и за можното целосно сопирање на рускиот гас, а европските влади донесоа низа мерки и рестрикции.