More

    Регистрирани се нови 297 случаи на ковид-19 во последните 24 часа

    spot_img

    Регистрирани се нови 297 случаи на ковид-19 во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

    Направени се 1.113 тестови од кои позитивни се 174 во Скопје, Куманово – 21, Битола – 17, Прилеп и Кавадaрци по 12, Велес – 11, Гостивар – 9, Штип – 8, Тетово – 6, Струмица, Кичево и Радовиш по 4, Кочани и Гевгелија по 3, Ресен и Демир Хисар по 2, Охрид, Струга, Валандово, Кратово и Македонски Брод по 1.

    Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 69 реинфекции. Регистрирани сe 180 оздравени пациенти.

    Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин регистрирани се две починати лица од Скопје (80 и 71), едното лице е починато во болнички услови, а другото во домашни, на 29.06.2022, односно на 30.06.2022.

    Досега во земјата се дијагностицирани 315.699 лица со ковид-19. Бројот на оздравени пациенти е 304.777, на починати е 9.331, а бројот на активни случаи изнесува 1.591. Во Скопје има 856 активни случаи, а во само три града нема ниту еден заболен – Македонска Каменица, Пехчево и во Дојран.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img