More

    Европската комисија го чека одговорот од Скопје

    spot_img

    Европската комисија преку својата портпаролка за проширување порача дека се следи процесот во Македонија за предлог преговарачката рамка на француското претседателство, јави дописничката на МИА од Брисел.

    На новинарско прашање на редовниот брифинг за медиуми во Европската комисија за францускиот предлог и процесот на преговори со Македонија, портпаролката за проширување, Ана Писонеро изјави дека се водат консултации во земјата.

    – По испраќањето на ревидираниот француски предлог, видовте дека премиерот (Димитар) Ковачевски најави широк процес на консултации со сите релевантни чинители, овој процес е во тек и се разбира одлуката за овој ревидиран предлог е суверена одлука на Северна Македонија, одблиску ги следиме настаните и дебатите кои се одвиваат – изјави Писонеро.

    На прашање за содржината на преговарачката рамка и вклучувањето на билатерални прашања со Бугарија во предлогот, Писонеро ги упати новинарите кон веб сајтот на владата на Македонија каде се објавени документите, но не даде коментар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img