Напаѓачот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе го призна делото. Тој на полицијата ѝ рекол дека не е задоволен од Абе и затоа имал намера да го убие, јавува националната телевизија НХК. Тецуџи Јамагами(41) e поранешен маринец. Тој не се ни обидел да им побегне на полицајците.
ТВ ТБС објави дека Абе бил застрелан во левата страна на градниот кош и очигледно во вратот.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изрази длабока загриженост за состојбата на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе.
– Нашите мисли, нашите молитви се со него, со неговото семејство, со народот на Јапонија – рече Блинкен на маргините на состанокот на Г-20 на индонезискиот остров Бали.
Индискиот премиер Нарендра Моди се огласи и рече дека е „длабоко вознемирен“ од нападот.
Според Фумиш Кишида, актуелниот премиер на Јапонија, Абе „со едната нога е во гроб“, пишува Ројтерс.
– Во моментов, лекарите прават сѐ што можат. Се надевам и се молам поранешниот премиер Абе да го преживее ова – рече јапонскиот премиер, опишувајќи го пукањето како „гнасен чин“.