Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе (67) е застрелан додека држел говор за време на предизборна кампања во градот Нар.
Врз Абе се истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот.
Напаѓачот е 41-годишниот Тацуја Јамагами од Нара, кој е уапсен по инцидентот. Според неофицијални информации, атентатот е извршен со рачно изработен пиштол.
Фуџи ТВ објави дека Јамагами бил поранешен припадник на јапонската морнарица.
Абе беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми.