Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, за шпанските медиуми потврди дека се сретнал со Хорхе Мендеш, агентот на Кристијано Роналдо.
Претходно бројни медиуми објавија дека Лапорта и репрезентативецот на 37-годишниот Португалец се сретнале и вечерале во Барселона.
„Вистина е, имав вечера со Хорхе. Ништо не исклучувам, тоа не е во наш интерес. Нема да објаснувам што кажа Мендес, но секогаш сум заинтересиран да разговарам со него. Зборува за ситуацијата на трансфер пазарот, добро е информиран“, изјави Јаон Лапорта за шпанските медиуми.
Кристијано Роналдо не се појави во Манчестер на почетокот на подготовките за новата сезона, а клубот официјално објави дека тоа е од „семејни причини“. Неофицијално, славниот Португалец има намера да го напушти „Олд Трафорд“ една година пред истекот на договорот, бидејќи сака следната сезона да игра во Лигата на шампионите.