Пред банка спроти споменикот „Скендербег“, вечерва во 20.10 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Ј.(40) од Скопје, кој претходно испукал со пиштол во воздух, додека група демонстранти, кои се движеле на потегот од Владата кон Министерството за надворешни работи, го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање со камења кон група граѓани, соопшти МВР.
Е.Ј. е приведен во полициска станица, а на местото се пронајдени чаури. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.