Францускиот предлог е катастрофа за политиката на проширувањето на ЕУ и со себе носи големи опасности, вели универзитетскиот професор од Луксембург, историчар и експерт за Балканот, Флоријан Бибер.
Лошите точки на предлогот тој ги објави на Твитер, потенцирјќи ги слабостите на предложениот документ.
– Францускиот предлог за отклучување на бугарската блокада е катастрофа за проширувањето. Иако изгледа добро да се стави крај на бугарското вето, тоа постигнува малку и носи големи опасности.
– Го вклучува билатералниот спор во преговарачкиот процес на ЕУ, давајќи им легитимитет и охрабрување на идните членки на ЕУ кои ги блокираат земјите-членки.
– Значително се приближува до бугарските барања отколку до позицијата на Македонците, па затоа е неурамнотежен.
– Во суштина ја прифаќа националистичката логика на бугарската влада сугерира дека постои прашање за дискриминација на Бугарите во Македонија.
– Предлогот игнорира дека проблемот е (делумно) создаден од ЕУ. 10.000 македонски граѓани добија бугарски пасоши БИДЕЈЌИ се ЕУ пасоши, не затоа што се бугарски. Граѓаните бараат да бидат граѓани на ЕУ (да работат) е злоупотребено од Бугарија да тврди дека се „етнички“ Бугари.
– Ги билатеризира и дискредитира механизмите за вистинските малцински права.
– Нема да има доволно поддршка во Македонија и нератификувањето на договорот ќе се толкува како неуспех во Македонија, а не како неуспех на бугарските националистички барања.
Наместо лесен излез, францускиот предлог дополнително ќе го наруши угледот на ЕУ и ќе го закопа процесот на проширување, пишува Бибер на Твитер.