Патнички авион на „Emirates“ летал од Дубаи речиси 14 часа со огромна дупка на трупот пред да слета во Бризбејн, Австралија. Патниците пријавиле силен тресок кај се слушнал додека авионот летал над океанот на пат кон Австралија. Кога слетал итната помош била шокирана од големината на дупката.
„Се верува дека дупката е предизвикана од експлозија на гума при полетување од Дубаи. И покрај штетата, пилотите одлучија да го продолжат летот за Бризбејн“, напиша Твитер корисник.
На носот на авионот бил пронајден откачен штраф. Засега не се знае дали завртката и дупката на авионот се поврзани.