More

    Рама: Три години организираме свадба и чекаме да дојде невестата од Брисел

    spot_img

    Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека неговата земја веќе три години организира свадба и чека „невестата да пристигне од Брисел“, но таа не дошла и рече дека и покрај тоа нема да загуби надеж, објави албанскиот портал ABC News.

    Мислам дека преговорите требаше да се отворат пред многу години, можеби ќе биде следната година, но ние ќе продолжиме да сонуваме, рече Рама.Тој нагласи дека Европската унија треба да го смени ставот и да не им остава на политичарите да се занимаваат со историјата, како што е случајот со Бугарија.

    Ние сме Балкан кој доаѓа со некои проблеми, сакаме да бидеме дел од ЕУ, а ако некои земји, како Бугарија во овој случај, го користат ветото за да разговараат за историјата на политички план, тоа е уште покомплицирано, рече Рама.

    Според него, секогаш кога политичарите се занимаваат со историјата за да ја решат, најверојатниот резултат е дека историјата станува уште покомплицирана.

    Сето ова е срам, поврзано со духот на експанзија. Бугарија е најистакнат пример за овој изопачен дух. ЕУ мора да се промени, не смее повеќе да функционира вака, една земја да зема друга земја како заложник, рече Рама, пренесува Косово онлајн.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img