Недолго по смртта на Видое Ристовиќ, Николина Пишек влезе во жесток конфликт со свекорот Виктор Ристовиќ, Миша Гроф, кој изнесува шокантни детали во медиумите.
Николина пак, го обвини дека нејзе и на нејзината ќерка им го ускратил наследството, а нивната јавна војна не стивнува.
Сега Миша ги откри непознатите детали од брачниот живот на Пишек и Ристовиќ, а потоа шокираше кога ја обвини снаата за смртта на својот син.
„Николина ми го уби синот! Таа сајаше куќи, патувања, базени, барови, фирми… Трошеше ненормални пари. Видое ја школуваше нејзината ќерка од првиот брак во Лондон и ѝ ги финансираше швалерите. Не знам каков имот сака, Видое беше богат, но тоа се мои пари. Таа мора да е свесна дека нема да ѝ дадам ништо, а ако почнам да откривам сѐ што знам за неа, ќе биде уапсена“, остро рекол Миша на самиот почеток на разговорот со ерпските медиуми.
Тој објаснил и зошто ја гледа Николина како виновник за смртта на Видое.
„Тврдам дека оваа жена ми го уби детето, само поради нејзините хирови, тој умре на 43 години. Имам докази за сѐ што кажувам. Откако ја запозна Николина, Видое водел дневници. Пет огромни дневници се во моја сопственост, тие се заклучени во сефот, а таа очајно се обидува да дојде до нив. Бара да ѝ ги дадам сите списи на Видое, телефоните и еден од нејзините планери што ги имам кај мене. Пишува со кого била, кога и каде. Можете да претпоставите дека секако Видое го нема во тие планови. Од тоа може да се направи сериозна книга, но уште не планирам да ги објавам тие докази. Син ми не се ни изладил, премногу е рано“, заклучил Миша Гроф за српски „Ало“.
По тешките и шокантни обвиненија од страна на свекорот, се огласи и Николина Пишек со објава на својот инстаграм-профил:
„Дури и затворот би бил рај во споредба со ова. #самодокази“, напиша Николина и додаде емотикон кој плаче од смеење.
ФОТО: Инстаграм