Цели 160 денари во еден правец ќе чинат вкупно патарините на новиот автопат Скопје-Штип, а наплатата ќе почне во мај месец. Според властите, цената е во согласност со законските регулативи за патарини, односно 2,57 денари по километар. Плаќањето ќе биде електронски, пишува ТВ24.
Во моментов не се размислува за воведување вињетки.