More

    Спасов: Нема место за таква фуснота, тоа е факт. Дека нема дискусија какво е моето чувство, вашето чувство, чувството на сите луѓе, кој е и чиј е македонскиот јазик

    spot_img

    „Нема место за таква фуснота, тоа е факт. Дека нема дискусија какво е моето чувство, вашето чувство, чувството на сите луѓе, кој е и чиј е македонскиот јазик. Тоа е јазикот на македонската нација“.

    Вака изјави денес за медиумите, универзитетскиот професорот Људмил Спасов, на денешното одбележување на светскиот Ден на мајчиниот јазик. За Спасов не смее да се тргува ниту со македонскиот идентитет, култура и етнологија. За него е неприфатливо ниту настојувањето на нашиот источен сосед, во преговарачката рамка да се вметне фуснота за јазикот.

    Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска на сличен став. За неа јазикот и културата се столбови на идентитетот на еден народ и на едно општество.

    – Генерации на лингвисти и македонисти ги носат товарот и одговорноста на лингвистот Мисирков. Со милост да се врати долгот кон сопствениот јазик. Во тоа Министерството за култура е ваш најсилен сојузник – изјави Костадиновска-Стојчевска.

    На панел-дискусијата говореше и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој се осврна на реципрочноста и меѓусебната почит меѓу народите и заедниците.

    – Тоа што мајчиниот јазик претставува за Македонците, подеднакво нивниот мајчин јазик претставува и за другите заедници кои се застапени во нашата Македонија. И не можеме да бараме почит, доколку не понудиме почит. Тоа што сакаме да го почитуваат кај нас Македонците, мора да значи ние да го почитуваме и кај останатите заедници во Македонија. Затоа е потребно да се слушаме едни со други, да се почитуваме дури и кога не се согласуваме еден со друг – рече Мицкоски.

    Со цел да го одбележат денот на мајчиниот јазик, ученици од повеќе основни училишта во Скопје на свеченоста читаа свои творби посветени на својот јазик но и на револуционерот Гоце Делчев кој се залагал за македонска самобитност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img