Генералштабот на вооружените сили на Украина објави нови податоци за руските воени загуби од почетокот на инвазијата на 24 февруари.
Како што тврди Украина, досега загинале околу 35.750 руски војници, што е за 150 војници повеќе од вчера.
Уништени се 1.577 руски тенкови, 3.736 оклопни борбени возила, 796 артилериски системи и 105 противвоздушни системи.
Генералштабот на вооружените сили на Украина наведува и дека Русите за време на инвазијата изгубиле 217 авиони, 186 хеликоптери и 15 бродови.