More

    Бислимовски истакна дека тие што многу трошат ќе плаќаат повеќе

    spot_img

    Мора да испратиме сигнал дека тие што трошат многу, ќе си плаќаат повеќе. Ние се доведовме во состојба, 17 потрошувачи да ни трошат 10 проценти од произведената електрична енергија, порача вечерва претседателот на Регулторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

    На гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Бислимоски уште еднаш повтори дека кај над 98 проценти од домаќинствата ќе има зголемување од само 7,4 проценти.

    – Воведувањето на блокови важи само за скапата тарифа. Прво, имавме еден сет предлог на блок тарифи, но по дебатата, ги проширивме границите. Анализите покажуваат дека и становите кои се греат на инвертери, ќе влезат во вториот, малку во третиот блок. Ние сме свесни дека има граѓани надвор од Скопје кои се греат на струја. Поради тоа го зголемивме и вториот и третиот блок – нагласи Бислимоски.

    Според Бислимоски, состојбата во енергетиката мора да се подобри и да се размислува за градење на капацитети со кои ќе се обезбеди базна енергија.

    – Проблемот со производството исплива на површина во годиниве на криза. Да произведуваме до пет илјади гигават часа на годишно ниво, енергетската криза полесно ќе ја поминевме. Мора сега да размислуваме за иднината, да се градат капацитети и да се обезбеди базна енергија – рече Бислимоски.

    Според него, за да се зголеми енергетската независност на државата потребни се инвестиции во сите обновливи извори – фотоволтаици, ветерни електрани и гасни електрани.

    – Кога ќе го снема јагленот, ние ќе ја изгубиме независноста. Нас, Сонцето ќе ни ја обезбеди независноста во иднина и мора да се градат гасни централи. Од 2006 година, ТЕЦ Неготино го чуваме како споменик, дури сега се стави во функција. Да се направеше на времето ТЕЦ Неготино на гас, ние ќе имавме еден одличен капацитет за базна енергија. Тоа се пропуштените шанси на политичарите кои мора да се надоместат, порача првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика.

    Како што истакна тој, граѓаните на Македонија ќе мора да се прилагодат на состојбите кои ги наметнува кризата по воениот конфликт во Украина.„

    – Јас знам дека луѓето се лутат кога ќе им кажам дека треба да се штеди. Таква е ситуацијата и мора да се прилагодиме според состојбата моментална – кратко порача Бислимовски.

    Во однос на парното греење, Бислимоски смета дека државата треба да го преземе работењето со парното. – Владата, колку што знам, е во преговори за обезбедување на гас со „Макпетрол“. Можно е природен гас и од други места, рече Бислимоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img