More

    Според Пендаровски нивното одржување е доказ дека претходно затаиле институциите

    spot_img

    Не мислам дека лидерските средби се лек за секоја болка, ако некогаш и биле, штом има потреба и некој бара средба на лидерите на политичките партии, тоа е јасен и чист доказ дека институциите претходно затаиле – Влада, Парламент, која било институција, претседателот како институција, изјави шефот на државата Стево Пендаровски во гостувањето на вестите на ТВ Сител, запрашан е подготвен да ги свика партиските лидери на средба.

    – Штом се бара еден вон институционален формат за евентуално решавање на политичките спорови и тензии, тоа значи дека институциите не си ја завршиле работата добро. Немам друга квалификација да дадам за атмосферата која ја сведочиме сите изминатите денови и недели. Ако доаѓа до физички пресметки и лоши зборови во Парламентот, во она што треба да биде храм на демократијата, јасно е дека работава не е добра – изјави Пендаровски.

    Тој нагласи дека не знае некој кој атмосферата во Собранието ја опишал како позитивна, добра или податлива за демократска дебата.

    – Инсистирам, апелирам, ги замолувам главните политички субјекти, главните политички партии, парламентарните партии да се обидат да ги искористат сите свои потенцијали и добра волја да најдат решение во Парламентот. Ако не наоѓаме решение во институциите за каков било проблем, граѓаните ќе го бараат решението на улиците, тоа е најмалку што ни е потребно – додаде Пендаровски, нагласувајќи дека сепак е подготвен да свика лидерска средба ако политичките актери и субјекти сакаат и се согласат да разговараат за која било актуелна политичка тема.

    Во однос на барањето на опозицијата за одржување на предвремени избори, Пендаровски вели дека тој лично би бил „за“ нивно распишување, доколку некој го убеди дека нови избори ќе ги решат проблемите во државата.

    – Ако со нови избори се решава бугарската блокада и се решаваат тепачките во парламентот, тензиите и штрајковите кои ги гледаме. Доколку со нови избори се решаваат високите цени на животните продукти, на енергија, јас би бил прв „за“ – истакна шефот на државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img