More

    За 8 евра од порција, лидерите во Мадрид го потрошиле целото мезе

    spot_img

    Руска салата од 8 евра, заедно со прилог од компири била прва на менито на самитот на НАТО во Мадрид во Шпанија, пишува Ројтерс и приложува слика. Салатата која во Македонија ја јадеме само за Нова Година е прилично популарна во Шпанија. На крајот од банкетот во палатата Санта Круз таа морала да биде преименувана во „украинска“, а за тоа ургирал познатиот готвач Хозе Андреас, кој публиката го знае од серијата „Готвачка маса“ која оди на Нетфликс.

     

    – Руска салата на самитот на НАТО? Малку сум изненаден од тој избор на јадење – изјави новинарот Ињаки Лопез за шпанскиот медиум „Ла Секста“.

    Дали руската салата е безбедносна закана за членките на НАТО? За тоа ќе треба да се изјаснат лидерите и политичарите.

    Гласините велат дека салата била распродадена за неколку часа, без разлика дали е руска или украинска, пишува Ројтерс во текстот.

    Додека знаеме што се случило со руската салата, уште не знаеме што ќе биде со салата „Македонија“, која е популарна во некои делови на Италија и Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img