Најмалку 49 лица загинаа, а повеќе од десет се повредени во пожар во затвор во југозападна Колумбија, соопштија властите.
Пожарот затворениците го подметнале во понеделникот наутро, при обид за бунт во затворот со средно обезбедување во градот Тулуа, изјави директорот на колумбискиот затворски систем Тито Кастеланос.
Тој рече дека не се знае дали меѓу загинатите има само затвореници.