More

    Иринеј смета дека името треба да го договорат МПЦ-ОА и ГПЦ

    spot_img

    Српската православна црква е неправедно обвинета за фаворизирање на името Македонска православна црква, иако не го користи во ниту еден од официјалните документи, туку ја охрабрува сестринската црква во Северна Македонија да го дефинира понатамошно именување и решението на проблемот во дијалог со грчките православни браќа.

    Ова го соопшти епископот бачки на СПЦ Иринеј (Буловиќ) во текст објавен на веб-страницата на грчкиот православен сајт Ромфеа.гр.

    – Згора на тоа, ние сме тажни секогаш кога не обвинуваат дека не само што го користиме името „Македонска православна црква“, туку дури и дека го поттикнуваме, нагласуваме и го наметнуваме. Овие наводи и обвинувања воопшто не се точни, објаснува меѓу другото епискотот бачки во текстот за кој наведува дека е составен по налог и благослов на Светиот синод на СПЦ.

    Тој посочува дека целта на текстот е да се разјаснат одредени сомнежи и да се реши забуната, која, како што наведува, „за жал, во последно време владее во одредени кругови на православниот, пријателски и братски грчки народ“.

    Епископот Иринеј вели дека со одлуката на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква, донесена на 16 минатиот месец, недвосмислено, меѓу другото, „се препорачува“ прашањето за официјалното именување да се реши преку „непосреден братски дијалог со грчките говорни и другите помесни православни цркви“.

    – Потоа, на 5 јуни уследи доделувањето автокефалноста, а во издадениот томос, повторно, по којзнае кој пат, беше повторена оваа препорака и охрабрувањето „новата сестринска црква да го реши прашањето за нејзиното официјално именување преку директен братски дијалог со грчко говорните и другите помесни православни цркви“, посочува епископот бачки.

    Тој нагласува дека нема документ или официјален текст на СПЦ во кој таа не се занимава со оваа тема одговорно и со должно внимание.

    Напоменува дека во овој случај, СПЦ „никому не суди, никому не му дава предност, никого не отфрла и никому не се наметнува, не е ничиј поддржувач или ривал, туку се бори, со Божјата моќ, праведно да расудува и да дејствува со љубов во секоја насока“.

    – Според тоа, што се однесува до името, ниту воведува, ниту инсистира на употреба на името „Македонска православна црква“, ниту името „Охридска архиепископија и Северна Македонија“, или кое било друго слично име, но не е во позиција ниту да ја забрани неговата употреба од оние кои сè уште го носат, вели епископот Иринеј.

    Од друга страна, на сестринската црква во Северна Македонија, во контекст на постоењето на меѓудржавниот договор за официјалното именување на државата (Договор од Преспа), кој стана меѓународно прифатен, и порачува дека со него се отвора дополнителен простор за дијалог.

    – Сметаме дека прашањето за официјалното именување на сестринската црква повеќе не спаѓа во опсегот на нашите грижи и одговорности, односно црковното име треба да произлезе како резултат на разговори и разбирање со автокефалните цркви од грчкото говорно подрачје. Секој резултат на взаемна согласност ќе биде добро прифатена и посакувана работа за нас. Сигурни сме дека сите други автокефални православни цркви сакаат да реагираат на ист начин, заклучува епископот бачки на СПЦ Иринеј Буловиќ.

    Српската православна црква по 55 годишен спор, минатиот месец одлучи да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА. Двете цркви одржаа и заеднички архиерејски богослужби на помирување во Белград и во Скопје.

    Ваквиот чекор следуваше по објавата на Вселенската патријаршија од 9 мај за враќање на Охридската архиепископија во канонско и евхаристиско единство.

    Патријаршискиот и синодален акт со кој се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква, вселенскиот патријарх Вартоломеј му го предаде на архиепископот Стефан на зедничкото сослужување на 10 јуни во Фанар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img