Шведската премиерка Магдалена Андерсон изјави дека нема да дозволи нејзината земја да стане засолниште за терористи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шведската премиерка Магдалена Андерсон изјави дека нема да дозволи нејзината земја да стане засолниште за терористи.

Нејзината изјава уследи по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел и пред почетокот на Самитот на Алијансата во Мадрид, со цел да добие поддршка од Турција за членството на Шведска.

– Нашиот став за Курдската работничка партија (ПКК) е сосема јасен. За ЕУ групата е терористичка организација, со што се согласува и Шведска. Шведска не е и нема да биде засолниште за терористите. Властите интензивно ќе работат на протерување на оние кои би можеле да бидат закана за безбедноста, а веќе има значителен број случаи што во моментов се процесуираат – наведе Андерсон.

Турција го блокира влезот на Шведска и на Финска во НАТО со образложение дека им пружаат засолниште на курдски екстремисти.

Share This Article