Унгарската Влада одбива да дебатира за можноста за воведување на ембарго на руски природен гас, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто пред денешниот состанок на министри за енергетика на Европска Унија, што се одржува во Луксембург.
Тој додаде дека Унгарија не се согласува на компромис за безбедноста на снабдувањето со гас.
– Ембаргото на рускиот гас ќе ја разниша економијата и способноста за функционирање на земјата, посочи Сијарто.
Тој најави дека на средбата ќе се разговара и за формирање на заедничка платформа за набавка на енергија.
– Не ни пречи што ЕУ бара нови извори на гас, но учеството во тоа мора да биде доброволно. Ниту една обврска за набавка не може да им се наметне на земјите-членки – наведе Сијарто.