Бензинот „еуросупер БС-95“ и „еуродизел“ од полноќ поевтинуваат за еден денар, а „еуросупер БС-98“ за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста.
Новата цена на бнзинот од 95 октани е 109 денари, на тој од 98 октани е 111,50, на дизелот 109 и на Екстра лесното 107 денари за литар.
За 0,986 денари поевтинува и мазутот, и еден килограм ќе чини 53,305 денари