Најмалку четири лица загинаа, а триесет се тешко повредени откако се урна трибина во арената во Еспинал, град во централна Колумбија, соопштија локалните власти.
Несреќата се случила за време на популарен спектакл со бикови.
„Загинаа четири лица, две жени, еден возрасен маж и еден малолетник“, соопштија локалните власти, додавајќи дека над 300 лица се повредени.